Стар Завет

Нов Завет

Јов 34:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Елиу ја продолжи својата беседа и рече:

2. „И вие мудреци, чујте што ќе речам, вие, умни луѓе, послушајте ме мене,

3. зашто нашите уши ги испитуваат беседите, исто како што непцето ја испитува храната.

4. Заедно да испитаме што е право и заедно да размислиме што е добро.

5. Јов тврдеше: „Јас сум праведен, но Бог ми ја скратува мене правдата.

6. Во право сум, а ме прават лажец, прострелан на смрт, а без своја вина!”

7. Зар има некаде човек како Јова, кој ја пие хулата како вода,

8. кој чекори заедно со злочинците и го дели истиот пат со нечесните?

9. Тој тврди: „Каква полза има човекот од тоа што сака да Му угоди на Бога?

10. Затоа чујте ме, вие умни луѓе: Злото е многу далеку од Бога и неправедноста од Сèдржителот.

11. Па Тој му плаќа на човекот според делата секому му дава според неговото поведение.

12. Навистина, Бог никогаш не прави зло, ниту Сèдржителот ја извртува некогаш правдата.

13. Кој освен Него мисли за земјата? И кој ја управува вселената?

14. Кога Тој би го повлекол Своето срце кон Себе, кога би го вратил сиот Свој Дух кон Себе,

Прочитајте целосна глава Јов 34