Стар Завет

Нов Завет

Јов 33:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. затоа јас нема да те ужасувам со страв, мојата рака нема да те притисне.

8. И така, на мои уши рече - сосем јасно ги чув твоите зборови:

9. „Невин сум и без никаков грев; прав сум и нема вина врз мене,

10. но Тој нашол обвинување против мене и ме смета за Свој непријател.

11. Ги стави моите нозе во клади, Тој внимава на секој мој чекор.”

12. Тука, ти велам, не си во право, зашто човек не може да се мери со Бога.

13. Па зошто се препираш со Него? Тој не дава отчет ниту за едно од Своите дела.

Прочитајте целосна глава Јов 33