Стар Завет

Нов Завет

Јов 33:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Господ ни зборува нам еднаш и двапати, но човекот не обрнува внимание на тоа.

15. Во соништата, во ноќните виденија, кога длабок сон ги совладува луѓето и додека сонуваат цврсто на леглата,

16. тогаш Тој му зборува на увото на човекот, и го плаши со морничави привиди,

17. за да го одврати од неговите дела, да ја обори гордоста во човекот,

18. да ја спаси неговата душа од јамата и неговиот живот да не падне од меч.

19. Тој го кара, на леглото, со болест, кога коските му се тресат непрекратно.

Прочитајте целосна глава Јов 33