Стар Завет

Нов Завет

Јов 33:1-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „И така, чуј, Јове, што ќе ти кажам, наведни го увото кон моите беседи.

2. Ете, ја отворив својата уста, а јазикот ми создава зборови под непцето.

3. Моето срце ќе ти зборува искрено, усните ќе изречат чиста вистина.

4. Па и мене Божјиот Дух ме создаде, здивот на Сèдржителот ме оживе:

5. ако можеш, противстави ми се ти; подготви се да ми се спротивиш!

6. Ете, како и ти, и јас сум пред Бога, како и ти, бев создаден од глина;

7. затоа јас нема да те ужасувам со страв, мојата рака нема да те притисне.

8. И така, на мои уши рече - сосем јасно ги чув твоите зборови:

9. „Невин сум и без никаков грев; прав сум и нема вина врз мене,

10. но Тој нашол обвинување против мене и ме смета за Свој непријател.

11. Ги стави моите нозе во клади, Тој внимава на секој мој чекор.”

12. Тука, ти велам, не си во право, зашто човек не може да се мери со Бога.

13. Па зошто се препираш со Него? Тој не дава отчет ниту за едно од Своите дела.

14. Господ ни зборува нам еднаш и двапати, но човекот не обрнува внимание на тоа.

15. Во соништата, во ноќните виденија, кога длабок сон ги совладува луѓето и додека сонуваат цврсто на леглата,

Прочитајте целосна глава Јов 33