Стар Завет

Нов Завет

Јов 31:9-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ако моето срце се завело по некоја жена, ако дебнев некогаш зад вратата на својот ближен,

10. тогаш мојата жена нека меле на друг, нека ја подели својата постела со друг!

11. Со тоа би направил бесрамно дело, злостор на кој правдата треба да му пресуди.

12. Би запалил оган што жеже до пропаст и што би ја изгорел сета моја едногодишна жетва.

13. Ако некогаш го презрев правото на својот слуга или слугинка, кога спореа со мене,

14. што ќе направам кога Бог ќе стане? Што ќе одговорам кога ќе побара сметка?

15. Зар Тој не нè создаде двајцата во утробата и нè создаде еднакво во мајчиното крило?

16. Дали се правев дека не ги слушам молбите на сиромашните или ги расплакав вдовичините очи?

17. Дали го јадев некогаш сам својот залак, а да не го делев со сирачето?

18. Па, од младоста му бев како татко, го водев од мајчиното крило!

19. Зар го гледав безкуќникот без облека или некој беден без покривка,

20. а неговите бедра да не ме благословија мене, кога се стопли со руното на моите овци?

21. Ако кренав рака против невин, знаејќи дека мојот бранител е при вратата,

22. моето рамо нека се откорне од плеќката и нека ми отпадне раката од лактот!

23. Зашто Божјите ужаси би паднале врз мене и не би можел да устојам пред Неговото величество.

24. Зар надежта ја ставив во златото или му реков на златото: „Сигурност моја!”

25. Зар се радував на големо богатство, на богатствата што ги спечалија моите раце?

Прочитајте целосна глава Јов 31