Стар Завет

Нов Завет

Јов 31:24-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Зар надежта ја ставив во златото или му реков на златото: „Сигурност моја!”

25. Зар се радував на големо богатство, на богатствата што ги спечалија моите раце?

26. Зар - гледајќи го сонцето како блеска и како месечината патува по сјајното небо,

27. моето срце се зазеде потајно да им испратам бакнеж со раката?

28. Тоа ќе беше грев што вика по суд, бидејќи би се одрекол од Сèвишниот Бог.

29. Зар се зарадував на неволјите на непријателите и ликував кога го снајде зло,

30. јас, кој не го остави јазикот да греши, проколнувајќи го и сакајќи да умре?

31. Не зборуваа ли луѓето на мојот шатор: „Па кого тој не го засити со месо?”

32. Никогаш странец не ноќеваше надвор, ја отварав својата врата на патникот.

33. Не ги криев своите гревови како Адам, не ја криев вината во своите гради.

34. Зашто се плашев од озборувањата на мноштвото и стравував од племенското презрение, па молчев не преминувајќи преку својот праг.

35. О, да имаше некој да ме сослуша! Јас го кажав својот последен збор: Сèдржителот нека ми одговори сега! Противникот нека ми напише оптужница,

36. и јас ќе ја носам на своето рамо, ќе го украсам челото со неа како со круна.

37. Ќе Му дадам сметка за своите чекори и ќе стапам пред Него како кнез.”

38. Ако мојата земја викаше против мене, ако со неа, плачеа нејзините бразди;

39. ако јадев плодови, без да платам, и ако ги јадосав нејзините орачи,

40. нека расте троскот на неа, место жито, и место јачмен нека расте какол насекаде! - Крај на Јововите зборови.

Прочитајте целосна глава Јов 31