Стар Завет

Нов Завет

Јов 31:24-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Зар надежта ја ставив во златото или му реков на златото: „Сигурност моја!”

25. Зар се радував на големо богатство, на богатствата што ги спечалија моите раце?

26. Зар - гледајќи го сонцето како блеска и како месечината патува по сјајното небо,

27. моето срце се зазеде потајно да им испратам бакнеж со раката?

28. Тоа ќе беше грев што вика по суд, бидејќи би се одрекол од Сèвишниот Бог.

29. Зар се зарадував на неволјите на непријателите и ликував кога го снајде зло,

Прочитајте целосна глава Јов 31