Стар Завет

Нов Завет

Јов 31:22-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. моето рамо нека се откорне од плеќката и нека ми отпадне раката од лактот!

23. Зашто Божјите ужаси би паднале врз мене и не би можел да устојам пред Неговото величество.

24. Зар надежта ја ставив во златото или му реков на златото: „Сигурност моја!”

25. Зар се радував на големо богатство, на богатствата што ги спечалија моите раце?

26. Зар - гледајќи го сонцето како блеска и како месечината патува по сјајното небо,

27. моето срце се зазеде потајно да им испратам бакнеж со раката?

28. Тоа ќе беше грев што вика по суд, бидејќи би се одрекол од Сèвишниот Бог.

29. Зар се зарадував на неволјите на непријателите и ликував кога го снајде зло,

30. јас, кој не го остави јазикот да греши, проколнувајќи го и сакајќи да умре?

31. Не зборуваа ли луѓето на мојот шатор: „Па кого тој не го засити со месо?”

32. Никогаш странец не ноќеваше надвор, ја отварав својата врата на патникот.

Прочитајте целосна глава Јов 31