Стар Завет

Нов Завет

Јов 31:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. А што ми досуди Господ одозгора, какво ми е наследството од Сèдржителот?

3. Па, не е ли несреќата за нечесниот, а неволјата за оние што прават зло?

4. Не ги гледа ли Тој сите мои патишта, не ги брои ли Тој сите мои чекори?

5. Зар одев, кога и да било, во друштво со лагата? Зар мојата нога брзаше кон измама?

6. Нека ме измери Бог врз права мерка, па ќе ја види мојата непорочност!

7. Ако мојот чекор се отстрани некогаш од патот, ако моето срце го следеше окото, и ако срамно дело ми ги извалка рацете,

8. друг нека го јаде тоа што сум го посеал, нека ги искорени сите мои подници.

9. Ако моето срце се завело по некоја жена, ако дебнев некогаш зад вратата на својот ближен,

Прочитајте целосна глава Јов 31