Стар Завет

Нов Завет

Јов 31:14-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. што ќе направам кога Бог ќе стане? Што ќе одговорам кога ќе побара сметка?

15. Зар Тој не нè создаде двајцата во утробата и нè создаде еднакво во мајчиното крило?

16. Дали се правев дека не ги слушам молбите на сиромашните или ги расплакав вдовичините очи?

17. Дали го јадев некогаш сам својот залак, а да не го делев со сирачето?

18. Па, од младоста му бев како татко, го водев од мајчиното крило!

19. Зар го гледав безкуќникот без облека или некој беден без покривка,

20. а неговите бедра да не ме благословија мене, кога се стопли со руното на моите овци?

21. Ако кренав рака против невин, знаејќи дека мојот бранител е при вратата,

22. моето рамо нека се откорне од плеќката и нека ми отпадне раката од лактот!

23. Зашто Божјите ужаси би паднале врз мене и не би можел да устојам пред Неговото величество.

24. Зар надежта ја ставив во златото или му реков на златото: „Сигурност моја!”

25. Зар се радував на големо богатство, на богатствата што ги спечалија моите раце?

26. Зар - гледајќи го сонцето како блеска и како месечината патува по сјајното небо,

27. моето срце се зазеде потајно да им испратам бакнеж со раката?

28. Тоа ќе беше грев што вика по суд, бидејќи би се одрекол од Сèвишниот Бог.

29. Зар се зарадував на неволјите на непријателите и ликував кога го снајде зло,

Прочитајте целосна глава Јов 31