Стар Завет

Нов Завет

Јов 30:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Сите стравотии се свртуваат кон мене, мојот углед го снема како ветер, доброто исчезна како облак.

16. Мојата душа се разлева во мене, денови на неволја се урнаа врз мене.

17. Ноќе, болеста ги прободува моите коски, не стивнуваат болките, што ме гризат.

18. Маката ми ја смени и облеката и ме стегна како јака на облекло.

19. Ме фрли во калта долу, ете, станав како прав и пепел.

20. Викам кон Тебе, но Ти не одговараш; стојам пред Тебе, но Ти и не се грижиш.

Прочитајте целосна глава Јов 30