Стар Завет

Нов Завет

Јов 30:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А сега, ете, ми се потсмевнуваат, луѓе по години помлади од мене, чии татковци не би ги ставил ни со овчарските кучиња на своето стадо.

2. Па зошто ми е силата на нивните раце, кога ќе им ја снема нивната мажествена сила?

3. Испиена од глад и скудност; гризеа корења во пустината и густа шума по запустените урнатини.

4. Береа лобода и лисја од грмушките, како леб јадеа смреково корење.

5. Тие се протерани од човечкото општество, викаат по нив како по крадци.

6. Живееја по страшни ровови, во пештери и во пукнатини.

7. Рикањето им се креваше од честакот, лежеа стиснати по трништата.

Прочитајте целосна глава Јов 30