Стар Завет

Нов Завет

Јов 3:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Да се помрачат ѕвездите на нејзиното разденување, напразно таа да и се надева на виделината, и да не ги гледа никогаш веѓите на зората!

10. Зашто не ми ја затвори вратата од утробата, да ја скрие маката од моите очи!

11. Зошто не сум мртов од мајчиното крило, зошто не издивнав излегувајќи од утробата?

12. Зошто ме прифатија двете колена и двете гради, за да ме надојат?

13. Во вечен мир би почивал сега, би спиел, својот покој би го уживал.

14. Заедно со цареви и со советниците на земјата, кои си изградија гробници за себеси,

15. или со кнезовите, богати со злато, што ги наполнија своите куќи со сребро.

16. Не ќе постоев - ќе бев како закопано недоносче, како новороденче што не ја виде светлината.

17. Беззакониците не беснеат веќе таму, уморените наоѓаат починка таму.

18. Таму ги оставаат на мир заробениците: не го слушаат веќе гласот на стражарот.

19. Малиот лежи таму заедно со големиот, робот е слободен од својот господар.

Прочитајте целосна глава Јов 3