Стар Завет

Нов Завет

Јов 3:7-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. А онаа ноќ да биде жалосна довека, да не се чуе радосно воскликнување во неа!

8. Да ја проколнат оние, што го проколнуваат денот и што се способни да го разбудат Левијатанот!

9. Да се помрачат ѕвездите на нејзиното разденување, напразно таа да и се надева на виделината, и да не ги гледа никогаш веѓите на зората!

10. Зашто не ми ја затвори вратата од утробата, да ја скрие маката од моите очи!

11. Зошто не сум мртов од мајчиното крило, зошто не издивнав излегувајќи од утробата?

12. Зошто ме прифатија двете колена и двете гради, за да ме надојат?

13. Во вечен мир би почивал сега, би спиел, својот покој би го уживал.

14. Заедно со цареви и со советниците на земјата, кои си изградија гробници за себеси,

15. или со кнезовите, богати со злато, што ги наполнија своите куќи со сребро.

16. Не ќе постоев - ќе бев како закопано недоносче, како новороденче што не ја виде светлината.

17. Беззакониците не беснеат веќе таму, уморените наоѓаат починка таму.

18. Таму ги оставаат на мир заробениците: не го слушаат веќе гласот на стражарот.

19. Малиот лежи таму заедно со големиот, робот е слободен од својот господар.

20. Зошто да му се подари видело на несреќникот и живот на луѓето со загорчена душа,

21. кои ја бараат смртта, а таа не доаѓа и копаат по неа како по богатство?

22. Тие ќе се радуваат и ќе воскликнуваат од среќа кога би го нашле својот гроб.

23. Зошто му е тоа на човекот, чиј пат е скриен, кого Бог го заградил од сите страни.

Прочитајте целосна глава Јов 3