Стар Завет

Нов Завет

Јов 3:11-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Зошто не сум мртов од мајчиното крило, зошто не издивнав излегувајќи од утробата?

12. Зошто ме прифатија двете колена и двете гради, за да ме надојат?

13. Во вечен мир би почивал сега, би спиел, својот покој би го уживал.

14. Заедно со цареви и со советниците на земјата, кои си изградија гробници за себеси,

15. или со кнезовите, богати со злато, што ги наполнија своите куќи со сребро.

16. Не ќе постоев - ќе бев како закопано недоносче, како новороденче што не ја виде светлината.

17. Беззакониците не беснеат веќе таму, уморените наоѓаат починка таму.

18. Таму ги оставаат на мир заробениците: не го слушаат веќе гласот на стражарот.

19. Малиот лежи таму заедно со големиот, робот е слободен од својот господар.

Прочитајте целосна глава Јов 3