Стар Завет

Нов Завет

Јов 3:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Јов ја отвори својата уста и го проколна својот ден;

2. ја почна својата беседа и рече:

3. „О, да загинеше денот во кој се родив и ноќта што соопшти: „Се зачна машко!”

4. Тој ден нека стане црна темнина! Бог од висините да не си спомнува за него, сончевата светлина да не го осветлува повеќе!

5. Мракот и смртната сенка да се отимаат за него, густата темнина да го покрие сосем, дневните смрачувања да го морат со страв!

6. О, темнината да го присвои сиот, нека не им се додава на деновите на годината, нека не влегува во броењето на месеците!

Прочитајте целосна глава Јов 3