Стар Завет

Нов Завет

Јов 28:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Железната руда се вади од земјата, а од камена рудница се топи бакар.

3. Луѓето и поставуваат граница на темнината и копаат до најголемите длабочини, по камен закопан во мрак.

4. Далеку во туѓина длаби ровови, до кои не допира човечката нога, виси, нишајќи се, далеку од луѓето.

5. Крилото на земјата, од кое ни никнува лебот, сето е раскопано како од оган.

6. Нејзините карпи се сокровиште на сафир, златен прав се крие во нив.

7. Грабливите птици не ги знаат тие патишта, соколовото око не ги забележува.

8. Дивите ѕверови не стапнаа на нив, ниту пак некогаш лавот помина по нив.

9. Но човек крева рака против каменот, и ги превртува планините од корен.

10. Засечува премини низ камен, неговото око забележува сè скапоцено.

11. Тој го запира текот на водните жили; засолнати работи изнесува на видело.

12. Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот?

13. Човекот не знае нејзиниот цена, не ја открија во земјата на живите.

Прочитајте целосна глава Јов 28