Стар Завет

Нов Завет

Јов 28:14-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Бездната зборува: „Ја нема во мене!” А морето: „Не се наоѓа кај мене!”

15. Не може да биде купена со чисто злато, ниту да се измери со сребро нејзината цена.

16. Не се мери таа со офирско злато, ни со скапиот оникс па ни со сафир.

17. Не се споредува со злато, со кристал, ниту се дава за сад од чисто злато.

18. Зошто да се спомнува кристалот, коралот, подобро е да стекне Мудрост отколку бисери.

19. Што е спрема неа етиопскиот топаз, не се преценува ни со чисто злато.

20. Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот?

21. Скриена е за очите на сите живи, таа им избегнува на небесните птици.

Прочитајте целосна глава Јов 28