Стар Завет

Нов Завет

Јов 28:1-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Да, среброто има свое наоѓалиште, а златото место каде се прочистува.

2. Железната руда се вади од земјата, а од камена рудница се топи бакар.

3. Луѓето и поставуваат граница на темнината и копаат до најголемите длабочини, по камен закопан во мрак.

4. Далеку во туѓина длаби ровови, до кои не допира човечката нога, виси, нишајќи се, далеку од луѓето.

5. Крилото на земјата, од кое ни никнува лебот, сето е раскопано како од оган.

6. Нејзините карпи се сокровиште на сафир, златен прав се крие во нив.

7. Грабливите птици не ги знаат тие патишта, соколовото око не ги забележува.

8. Дивите ѕверови не стапнаа на нив, ниту пак некогаш лавот помина по нив.

9. Но човек крева рака против каменот, и ги превртува планините од корен.

10. Засечува премини низ камен, неговото око забележува сè скапоцено.

11. Тој го запира текот на водните жили; засолнати работи изнесува на видело.

12. Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот?

13. Човекот не знае нејзиниот цена, не ја открија во земјата на живите.

14. Бездната зборува: „Ја нема во мене!” А морето: „Не се наоѓа кај мене!”

15. Не може да биде купена со чисто злато, ниту да се измери со сребро нејзината цена.

16. Не се мери таа со офирско злато, ни со скапиот оникс па ни со сафир.

17. Не се споредува со злато, со кристал, ниту се дава за сад од чисто злато.

Прочитајте целосна глава Јов 28