Стар Завет

Нов Завет

Јов 27:9-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ќе ги чуе ли Бог неговите крици, кога неволјата ќе се нафрли врз него?

10. Зар ќе се радува тој во Сèдржителот? Зар ќе го повикува Бога во секое време?

11. Но јас ќе ви ја покажам Божјата рака и нема да ви ги скријам намерите на Сèдржителот.

12. Ете, сами можевте да го видите сè тоа, зошто тогаш се губите во празнина?”

13. Оваа судбина Господ ја одредува на беззаконикот, ова наследува силникот од Сèдржителот.

14. Има ли многу синови, меч ги чека, а неговиот пород не ќе има доста леб.

15. Смртта ќе ги погребе неговите преживеани, и вдовиците не ќе ги оплачуваат.

16. Ако натрупа и сребро како прав, ако насобере и облеки како кал,

17. нека ги собира, праведник ќе ги облече, невини луѓе ќе го разделат среброто.

18. Изградил куќа од пајажина, колипче какво прави за себеси полјакот.

19. Легна богат, но за последен пат; кога ги отвори очите, ништо веќе нема.

20. Ужас го опфаќа среде бел ден, ноќе, бура го грабна и го однесе.

21. Источниот ветер го крена и го одвлече, бурата го фрла далеку од неговото место.

Прочитајте целосна глава Јов 27