Стар Завет

Нов Завет

Јов 23:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов проговори и рече:

2. „Уште и сега е горчливо моето слово: моите страдања се потешки од моите воздишки.

3. О, кога би знаел како да Го најдам, како да стигнам до Неговиот престол,

4. пред Него би го изложил своето дело, од мојата уста би излегле доказите.

5. Би сакал да знам што би ми одговорил и да го разберам словото што би ми го рекол!

6. Зар Му треба голема сила за препирката? Не, достатно би било Тој да ме сослуша.

7. Би видел праведен во противникот, и тогаш би се ослободил засекогаш од Судијата.

8. Ако тргнам кон исток, не можам да Го најдам; ако тргнам кон запад, не Го согледувам.

9. Барам на север, но не Го забележувам; невидлив е ако се завртам на југ.

10. Па сепак, Тој добро го знае патот по кој чекорам! Нека ме испита: ќе излезам чист како злато!

11. Мојата нога се држеше до Неговите стапки, одев по Неговиот пат не застранувајќи.

Прочитајте целосна глава Јов 23