Стар Завет

Нов Завет

Јов 21:8-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Нивните деца напредуваат со нив, а нивните внуци се множат пред нивните очи.

9. Никаков страв не ги мори нивните куќи и Божјата прачка ги остава на мир.

10. Нивните бикови оплодуваат, не напразно, нивните крави се отелуваат и не пометнуваат.

11. Нивните деца скокаат слободно како јагниња, нивните синови играат весело.

12. Тие пеат покрај музиката на харфа и тапани и се веселат покрај звуците на свирката.

13. Ги завршуваат своите денови во среќа тие слегуваат спокојно во Подземјето.

14. А Му зборуваа на Бога: „Остави нè,” не сакаме да знаеме за Твоите патишта!

15. Па кој е Сèдржителот, да Му служиме и каква ни е ползата да Го призовуваме?”

16. Зар не ја имаа својата среќа во раката, иако тие не држеа до Него?

17. Зар некогаш се угаснал светилникот на опакиот? Зар несреќа се нафрлила врз него? Зар тој му ја скрои судбината во Својот гнев?

18. Зар стана како слама на ветер, како плева што виорот ја разнесува насекаде?

19. Дали Бог ќе го казни во неговите деца? Не, нека го казни него, самиот да го почувствува тоа!

20. Со сопствените очи нека ја види својата гибел, нека се напие од гневот на Сèсилниот!

21. Зашто, по смртта, што му е нему грижа за неговиот дом, кога ќе се пресече низата на неговите месеци.

22. Ама кој ќе Го научи Бога на мудрост, Него, Кој ги суди највисоките суштества?

23. Еден умира во полна благосостојба, без никакви грижи, во потполн мир,

24. со слабини здебелени од мрсно и со коски преполни со мозок.

25. А други умираат со горчина во душата, не вкусувајќи никогаш никакво добро.

26. Обајцата лежат заедно во прав, и црвите ги покриваат.

Прочитајте целосна глава Јов 21