Стар Завет

Нов Завет

Јов 21:22-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Ама кој ќе Го научи Бога на мудрост, Него, Кој ги суди највисоките суштества?

23. Еден умира во полна благосостојба, без никакви грижи, во потполн мир,

24. со слабини здебелени од мрсно и со коски преполни со мозок.

25. А други умираат со горчина во душата, не вкусувајќи никогаш никакво добро.

26. Обајцата лежат заедно во прав, и црвите ги покриваат.

27. О, знам добро какви се вашите намери, какви зла замислувате вие против мене.

28. Зошто прашувате: „Каде е куќата на кнезот, шаторот - во кој живееја беззакониците?”

29. Не ги прашавте ли патниците на патот, зар нивното сведоштво не го примате:

30. „дека нечесниот е поштеден во денот на гибелта, а во денот на Божјиот гнев ќе биде одведен на страна.”

31. Но кој ќе му префрли на неговите постапки и кој ќе му врати за она што сторил?

32. А кога на крај ќе го однесат на гробишта, поставуваат стража на неговата гробница.

33. Лесни му се грутките на земјата во долината, додека целото население оди по него, а на оние кои одат пред него им нема број.

34. О како се празни вашите утехи, каква измама се вашите одговори!”

Прочитајте целосна глава Јов 21