Стар Завет

Нов Завет

Јов 21:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ги завршуваат своите денови во среќа тие слегуваат спокојно во Подземјето.

14. А Му зборуваа на Бога: „Остави нè,” не сакаме да знаеме за Твоите патишта!

15. Па кој е Сèдржителот, да Му служиме и каква ни е ползата да Го призовуваме?”

16. Зар не ја имаа својата среќа во раката, иако тие не држеа до Него?

17. Зар некогаш се угаснал светилникот на опакиот? Зар несреќа се нафрлила врз него? Зар тој му ја скрои судбината во Својот гнев?

Прочитајте целосна глава Јов 21