Стар Завет

Нов Завет

Јов 18:14-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Го извлекуваат од неговиот шатор, да го одведат при владетелот на ужасите.

15. Туѓинец се насели во неговиот стан, потуруваат оган врз неговиот дом.

16. Одоздола се сушат неговите корења, а одозгора му се сушат сите гранки редум.

17. Неговиот спомен ќе се сотре на земјата, неговото име се брише од лицето на земјата.

18. Го тераат од светлина во темнина, сакаат да го изгонат од земниот круг.

19. Во неговиот род ќе нема ни син ни внук, ниту преживеани во неговото живеалиште.

20. Потомците ќе се ужасуваат од неговиот ден и трепет ќе ги опфати современиците.

21. Ете, таква судбина го снаоѓа беззаконикот и домот на оној, кој не Го познава Бога.”

Прочитајте целосна глава Јов 18