Стар Завет

Нов Завет

Јов 18:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Валдад од Шуах проговори и рече:

2. Кога мислиш да ги зауздаш своите беседи? Вразуми се, сега, да разговараме!

3. Зошто нè сметаш за неразумен добиток? Зар сме животни во твоите очи?

4. О ти, што се раскинуваш себеси од гнев, сакаш ли да опустее земјата заради тебе, да се изместат карпите од своето место?

5. Светлината на опакиот ќе угасне, и не ќе му свети пламен во огништето,

6. ќе потемнее светлината во неговиот шатор и над него ќе згасне светилката.

7. Неговите крепки чекори стануваат ограничени, тој се сопнува врз сопствените намери.

8. Зашто неговите нозе го водат во стапица, и еве го како чекори веќе по мрежата.

9. Тенка стапица му ја фати ногата, и ете, јажињата го стегнуваат цврсто.

10. Го дебне јамка скриена на земјата, стапица го чека по патот по кој оди.

Прочитајте целосна глава Јов 18