Стар Завет

Нов Завет

Јов 17:2-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Еве, потсмевачите ме грабнаа, од навреди не можам да затворам око.

3. Затоа заштити ме и биди ми сигурност, кога никој друг нејќе да ми удри во дланката.

4. Зашто, ги лиши од разумот нивните срца и не ќе им дозволиш да се издигнат.

5. Како тој што имотот им го дели на другарите, така гаснат очите на неговите деца.

6. На сите народи им станав за потсмев, оној - кому секој може да му плукне во лицето.

7. Од тага видот ми се помрачува во очите, моите делови на телото стануваат како сенка.

8. Заради тоа праведниците ќе се зачудат, чесните ќе избувнат против безбожниците;

9. непорочните ќе истраат во својот пат, човекот со чисти раце ќе зајакне уште повеќе.

10. Ајде, сите вие, нема ли да почнете пак, па меѓу вас не наоѓам мудар!

11. Дните поминаа, замислите пропаднаа, желбите на моето срце се изјаловија.

Прочитајте целосна глава Јов 17