Стар Завет

Нов Завет

Јов 16:9-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Со својот гнев ме распарчува и гони, чкртајќи со забите се нафрла врз мене. Моите противници ме сечат со очите,

10. заканувајќи се, ја отвораат устата против мене, ме удираат срамно по образите, тогаш сите, се нафрлуваат на мене.

11. Да, Бог ме предаде на неправедните, Тој ме фрли во рацете на опаките.

12. Живеев мирно додека Тој не ме растресе, ме фати за вратот, за да ме скрши, ме зеде за Своја цел.

13. Неговите стрели ме окружија, немилосрдно ми ги прободе бубрезите и со мојата жолчка ја натопи земјата.

14. Отвора рана до рана на моето тело, како бесен војник напаѓа на мене.

15. Го сошив голото тело во вреќиште, го нурнав своето чело во правта.

16. Ми се запали целото лице од солзи, темна сенка падна преку моите веѓи.

17. А нема насилство во моите раце, мојата молитва секогаш беше чиста.

Прочитајте целосна глава Јов 16