Стар Завет

Нов Завет

Јов 16:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. О земјо, немој да ја криеш мојата крв, и не оставај никаде да почине мојот крик.

19. Отсега јас имам сведок на небото, мојот Бранител стои горе во висините.

20. Моите пријатели ме презираат, додека моите солзи се леат пред Бога.

21. О да ме одбрани во мојот спор со Бога како што смртникот го брани својот ближен!

22. Но, на мојот живот му се доброени годините, ќе тргнам на пат без враќање.”

Прочитајте целосна глава Јов 16