Стар Завет

Нов Завет

Јов 16:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Го сошив голото тело во вреќиште, го нурнав своето чело во правта.

16. Ми се запали целото лице од солзи, темна сенка падна преку моите веѓи.

17. А нема насилство во моите раце, мојата молитва секогаш беше чиста.

18. О земјо, немој да ја криеш мојата крв, и не оставај никаде да почине мојот крик.

19. Отсега јас имам сведок на небото, мојот Бранител стои горе во висините.

20. Моите пријатели ме презираат, додека моите солзи се леат пред Бога.

Прочитајте целосна глава Јов 16