Стар Завет

Нов Завет

Јов 16:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Јов проговори и рече:

2. „Колку се наслушав такви беседи, сите вие сте ми мачни тешители!

3. Има ли крај на тие празни зборови? Што те осмелува да ми одговараш така?

4. И јас би можел да зборувам како вас, да беше вашата душа на место на мојата; и јас би можел да ве затрупам со зборови и да мрднам со главата така над вашата судбина;

5. и јас би можел да ве охрабрувам со устата, и не би го жалел трудот на своите усни.

Прочитајте целосна глава Јов 16