Стар Завет

Нов Завет

Јов 16:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Јов проговори и рече:

2. „Колку се наслушав такви беседи, сите вие сте ми мачни тешители!

3. Има ли крај на тие празни зборови? Што те осмелува да ми одговараш така?

4. И јас би можел да зборувам како вас, да беше вашата душа на место на мојата; и јас би можел да ве затрупам со зборови и да мрднам со главата така над вашата судбина;

5. и јас би можел да ве охрабрувам со устата, и не би го жалел трудот на своите усни.

6. Но, ако говорам, страдањето не се ублажува, ако ли замолчам, зар ќе ме одмине?

7. Сега злопакоста ме умори сосем, цела толпа се нафрли врз мене.

8. Стана да сведочи против мене и во моето лице фрла клевети.

9. Со својот гнев ме распарчува и гони, чкртајќи со забите се нафрла врз мене. Моите противници ме сечат со очите,

10. заканувајќи се, ја отвораат устата против мене, ме удираат срамно по образите, тогаш сите, се нафрлуваат на мене.

11. Да, Бог ме предаде на неправедните, Тој ме фрли во рацете на опаките.

12. Живеев мирно додека Тој не ме растресе, ме фати за вратот, за да ме скрши, ме зеде за Своја цел.

Прочитајте целосна глава Јов 16