Стар Завет

Нов Завет

Јов 15:2-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Зар на празни мисли одговара мудрецот и го полни мевот со источен ветер?

3. Зар тој се брани со празни зборови, со беседи што за ништо не користат?

4. Ти правиш уште повеќе: го уништуваш стравот од Бога, и ги укинуваш молитвите кон Бога.

5. Твоите зборови ја откриваат твојата вина, се послужи со лукав јазик,

6. сопствената уста те осудува, не јас, твоите усни сведочат сами против тебе.

7. Зар си првиот човек кој се родил? Зар дојде на светот пред ридовите?

8. Зар ти ги прислушкуваше Божјите тајни, и ја присвои за себе целата мудрост?

9. Што знаеш ти, а да не знаеме и ние, што разбираш ти, а да не го сфаќаме тоа?

10. Има меѓу нас и седи и стари, што имаат повеќе години од татка ти.

11. Зар се премали за тебе Божјите утехи и благите зборови упатени до тебе?

12. Зошто твоето срце така слепо те гони и зошто така диво превртуваш со очите?

13. Штом против Бога својот дух го свртуваш, одма од устата ти излегуваат такви зборови!

14. Што е човекот за да може да биде чист? Зар некој роден од жена е праведен?

Прочитајте целосна глава Јов 15