Стар Завет

Нов Завет

Јов 14:9-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. штом ќе почувствува вода, тоа ќе распапи и ќе пушти гранки како ново стебло.

10. Но кога човекот умре, останува покосен, кога смртникот издивне, каде е тој тогаш?

11. Сета вода од морето може да испари, и да секнат реките, да пресушат сосем,

12. но човекот кога ќе легне, не станува веќе, додека се небесата, не ќе се крене.

13. О, кога би сакал да ме скриеш во Шеолот, да ме засолниш додека не Ти помине гневот, да ми определиш рок, кога ќе си спомниш за мене!

14. Зашто, кога човекот умре, зар може да оживее? Би те чекал во сите денови на своето војување, додека не дојдеш да ми дадеш смена.

15. Би ме повикал, а јас би се одѕвал; имаш желба за делото на Своите раце.

16. А сега дебнеш над секој мој чекор, не сакаш да ми простиш ниеден грев,

17. го запечати мојот престап во вреќа и ја криеш сета моја вина.

18. Навистина! Како што еднаш се урна планината, како што стената се одмести од своето место,

19. како што водата со време, го рони каменот, а поројниот дожд со буица ја испира сета земја, така ја уништуваш надежта во човекот.

20. Го притеснуваш - тој си оди засекогаш со изменето лице, го испраќаш.

21. Му ги почитуваат децата - за тоа ништо не знае; ако се презрени не размислува за тоа.

22. Тој единствено страда заради своето тело, тој единствено тагува заради својот живот.”

Прочитајте целосна глава Јов 14