Стар Завет

Нов Завет

Јов 14:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Зар ги отвораш очите врз таков и го изведуваш на суд пред Тебе?

4. Кој ќе извлече чисто од нечисто? Никој!

5. Зашто неговите денови се доброени, од Тебе зависи бројот на неговите месеци, кога му поставуваш непреминлива граница.

6. Симни го од него погледот за да може да почине, како наемникот што го довршува својот ден.

7. Па ни на дрвото не му пропадна сета надеж, пресечено, тоа пак раззеленува и нови младици никнуваат од него.

8. Ако неговиот корен и остарее во земјата, ако неговата пенушка се исуши во прав,

9. штом ќе почувствува вода, тоа ќе распапи и ќе пушти гранки како ново стебло.

10. Но кога човекот умре, останува покосен, кога смртникот издивне, каде е тој тогаш?

11. Сета вода од морето може да испари, и да секнат реките, да пресушат сосем,

Прочитајте целосна глава Јов 14