Стар Завет

Нов Завет

Јов 13:12-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Вашите причини се пословици од пепел, вашата одбрана е одбрана од кал.

13. Молкнете сега! Оставете ме да зборувам, па после нека ме снајде што му е мило.

14. Зар своето тело да го кинам сам со забите? Зар да го упропастувам животот со својата рака?

15. Тој може да ме убие: немам друга надеж, туку да ги оправдам своите патишта пред Него.

16. И тоа е веќе залог за моето спасение, зашто лицемер не може да стапи пред Него.

17. Послушајте ги внимателно моите зборови, нека навлезе беседата во вашите уши.

18. Ете: јас приготвив расправа, зашто сум уверен во своето право.

19. Кој сака да се суди со мене? Зашто ако молкнам, одма ќе издивнам.

20. Само две молби не ми скратувај, да не се кријам од Твоето лице,

21. крени ја од мене Твојата тешка рака и не плаши ме со својот ужас.

22. Тогаш прашај ме, а јас ќе одговорам; или јас да прашам, Ти да одговараш.

23. Колку престапи и гревови направив? Покажи ми ги мојот прекршок и вината.

24. Зошто го криеш сега Своето лице од мене и зошто гледаш непријател во мене?

25. Зошто го изморуваш со страв листот гонет од ветер и зошто се нафрлаш врз суво сламче?

Прочитајте целосна глава Јов 13