Стар Завет

Нов Завет

Јов 12:11-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Зар со увото ние не ја распознаваме беседата како што со јазикот го испитуваме вкусот на јадењето?

12. Седите коси му донесуваат мудрост на човекот, а со долгиот век му доаѓа умноста.

13. Но во Него е мудроста и силата, во Него се советот и сета разумност.

14. Што ќе разурне, никој не ќе го изгради, кого ќе го затвори, никој не го ослободува.

15. Ако ја задржи водата, постанува суша, ако ја пушти, целата земја ја избуричкува.

16. Зашто во Него се силата и сета мудрост, Негови се измамениот и измамникот.

17. Тој ги лишува советниците од разум, умните судии ги прави глупави.

18. Тој го распашува појасот на царевите и со јаже им го врзува бедрото.

19. Тој ги тера првенците боси и ги симнува од власт силниците.

20. Тој го одзема зборот од устата на зборливите и од старците вистинското расудување.

21. Тој излева презир врз првенците и ги распашува бедрата на јунаците.

22. Тој ги открива темнините на длабочините и смртната сенка ја изведува на светлина.

23. Тој го издига народот, па го уништува, го умножува, а потоа го искоренува.

24. Тој ги залудува владетелите на народите, па лутаат по непроодни пустини

25. и пипаат во темнина без светлина, залетнувајќи како пијаници.”

Прочитајте целосна глава Јов 12