Стар Завет

Нов Завет

Јов 12:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Во неговата рака лежи животот на секое суштество и животворниот здив на секое човечко тело.

11. Зар со увото ние не ја распознаваме беседата како што со јазикот го испитуваме вкусот на јадењето?

12. Седите коси му донесуваат мудрост на човекот, а со долгиот век му доаѓа умноста.

13. Но во Него е мудроста и силата, во Него се советот и сета разумност.

14. Што ќе разурне, никој не ќе го изгради, кого ќе го затвори, никој не го ослободува.

15. Ако ја задржи водата, постанува суша, ако ја пушти, целата земја ја избуричкува.

16. Зашто во Него се силата и сета мудрост, Негови се измамениот и измамникот.

17. Тој ги лишува советниците од разум, умните судии ги прави глупави.

18. Тој го распашува појасот на царевите и со јаже им го врзува бедрото.

19. Тој ги тера првенците боси и ги симнува од власт силниците.

Прочитајте целосна глава Јов 12