Стар Завет

Нов Завет

Јов 12:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов проговори и рече:

2. „Навистина, вие сте само луѓе, мудроста ќе изумре со вас.

3. Но и јас знам да мислам како и вас, во ништо не сум полош од вас: кој не знае за такви работи?

4. Им станав потсмев на моите пријатели, зашто го повикувам Бога да ми одговори! Јас сум за потсмев: непорочниот праведник!

5. Тој кој е близу да се клизне со нозете, е како презрен светилник во мислите на оној кој живее спокојно.

6. Дотогаш се во мир шаторите на грабачите, предизвикувачите на Бога живеат безгрижно, зашто Бог ги снабдува со Својата рака!

7. Но, прашај ги животните, и ќе те поучат; прашај ги небесните птици, и ќе ти објаснат.

8. Земните гуштери ќе ти го протолкуваат тоа, рибите во морето ќе ти раскажат.

9. Од создавањето на светот, кој од нив не знае, дека Божјата рака го создаде сè тоа.

10. Во неговата рака лежи животот на секое суштество и животворниот здив на секое човечко тело.

11. Зар со увото ние не ја распознаваме беседата како што со јазикот го испитуваме вкусот на јадењето?

12. Седите коси му донесуваат мудрост на човекот, а со долгиот век му доаѓа умноста.

Прочитајте целосна глава Јов 12