Стар Завет

Нов Завет

Јов 11:11-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Зашто Тој ја знае суетата на луѓето, ја гледа нечесноста и нема ли да внимава?

12. Но горделивиот човек е лишен од разум, и човекот се раѓа како диво осле.

13. Ако ти го исправиш своето срце и ги испружиш своите раце кон Него,

14. ако го отфрлиш лошото од рацете и ако не му дадеш простор на злото во својот шатор,

15. тогаш ќе можеш да издигнеш чисто чело, ќе бидеш цврст и не ќе се боиш.

16. Не ќе си спомнуваш веќе за своите искушенија, како ни за водата што истече.

17. Твојот живот ќе блеска појасно од пладнето, темнината ќе се претвори во зора.

18. Ќе живееш спокојно во својата надеж и заштитен ќе почиваш во мир.

19. Кога ќе легнеш, никој не ќе те заплаши, мнозина ќе ја бараат твојата наклоност.

Прочитајте целосна глава Јов 11