Стар Завет

Нов Завет

Јов 11:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Софар Нааматецот проговори тогаш и рече:

2. Зар да не се одговори на многуте зборови? Зар многузборливиот уште и ќе се оправда?

3. Зар твоето празно брборење ќе ги замолчи луѓето? Зар подигрувањето ќе остане неисмеано?

4. Рече: „Моето учење е непорочно, чист сум во Твоите очи и без дамка.”

5. Но ако Бог сакаше да проговори и да ја отвори устата за да ти одговори,

6. и да ти ги открие тајните на мудроста што ниеден ум не може да ги сознае, ќе знаеше дека ти бара сметка за гревовите.

7. Можеш ли да проникнеш во Божјите длабочини? Можеш ли да го доловиш совршенството на Сèдржителот?

8. Повисоко е од небото: уште што да сториш? Подлабоко е од Шеолот: уште што да мудруваш?

9. Подолго е од земјата - пошироко е од морето!

Прочитајте целосна глава Јов 11