Стар Завет

Нов Завет

Јов 1:14-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. дојде гласник при Јов и рече: „Твоите волови ораа, а ослиците пасеа покрај нив,

15. кога одненадеж Савејците нападнаа на нив и ги грабнаа, убивајќи ги слугите со остар меч. Единствено само јас избегав да ти го јавам ова.”

16. Додека тој уште го зборуваше тоа, дојде друг и рече: „Божји оган удри од небото, ги изгоре твоите овци и пастири и ги проголта. Единствено избегав јас да ти јавам.”

17. Додека уште зборуваше дојде трет и рече: „Халдејците удрија, со три чети, на твоите камили и ги грабнаа, убивајќи ги слугите со остар меч. Единствено избегав јас да ти јавам.”

18. Додека уште зборуваше овој, дојде четвртиот и рече: „Твоите синови и ќерки јадеа и пиеја вино во куќата на најстариот брат.

19. И ете, силен ветер се крена од пустината, удри на сите четири агли на куќата, ја урна врз децата, па тие загинаа. Единствено избегав јас да ти јавам.”

20. Тогаш Јов стана, ја расцепи облеката врз себе, ја избричи главата и падна ничкум на земјата, се поклони

21. и рече: „Излегов гол од мајчината утроба, и ќе се вратам гол таму. Господ даде, Господ зеде! Благословено да биде Господовото име!”

Прочитајте целосна глава Јов 1