Стар Завет

Нов Завет

Јов 1:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Беше некогаш во земјата Уз човек по име Јов. Тоа беше непорочен и праведен човек: се боеше од Бога и се отстрануваше од злото.

2. Му се родија седум синови и три ќерки.

3. Имаше седум илјади овци, три илјади камили, пет стотини двојки волови, пет стотини магариња и мошне многу слуги. Тој човек беше најугледен меѓу жителите на исток.

4. Неговите синови имаа обичај да даваат наизменично гозби кај еден од нив, секој во својот ден, и ги повикуваа своите три сестри да јадат и пијат со нив.

5. А кога ќе се изредеа со гозбите, Јов ги повикуваше на посветување. Подрануваше рано наутро и принесуваше паленици за секого од нив; мислеше: „Кој знае дали не згрешија моите синови и да не го похулија Бога во своето срце!” Така правеше Јов постојано.

6. Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога, а меѓу нив пристапи и Сатаната.

7. Тогаш Господ го праша Сатаната: „Од каде доаѓаш?”- „Еве поминав низ земјата и ја обиколив,” одговори тој.

8. Потоа Господ рече: „Дали го забележа мојот слуга Јов? Нему никој не му е рамен на земјата. Тоа е непорочен и праведен човек, се бои од Бога и се отстранува од злото!”

9. А Сатаната Му одговори на Господа: „Зар Јов се бои напразно од Бога?

10. Зар не ги загради него, неговиот дом и сиот негов имот? Го благослови делото на неговите раце, имотот му се умножи на земјата.

11. Ама испружи ја еднаш раката и допри во сè што има: ќе Те проколне во лице!”

12. „Нека ти биде! - му рече Господ на Сатаната. - Прави што сакаш со сè што има; само не кревај ја својата рака врз него.” И Сатаната отиде од пред Господовото лице.

13. Еден ден, додека Јововите синови и ќерки јадеа и пиеја во куќата на најстариот брат,

Прочитајте целосна глава Јов 1