поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4

Стар Завет

Нов Завет

Јона 4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Јона му беше многу криво, и се налути.

2. И Му се помоли на Господа и рече: „О, Господи, не го зборував ли тоа уште додека бев во својата земја? Затоа сакав да избегам во Тарсис; зашто знаев дека Ти си милостив и добар Бог, спор на гнев и богат со милосрдие, и дека се сожалуваш над несреќата.

3. Сега, Ти се молам Господи, земи го мојот живот од мене, зашто ми е подобро да умрам отколку да живеам.”

4. Господ одговори: „Лутиш ли се со право?”

5. Јона излезе од градот и седна на исток од градот; и си направи таму колиба и седна под неа во ладовина, додека не види што ќе стане со градот.

6. А Господ Бог определи една тиква да се издигне над Јона и да му направи сенка на неговата глава, та да го избави од неговата неволја, Јона и се зарадува многу на тиквата.

7. Но утреден, при осамнувањето Бог определи црв да ја подгризе тиквата, и таа се исуши.

8. Кога огреа сонцето, Бог определи врел источен ветер и сонцето ја вжештуваше Јонината глава, те сосем се истошти. Посака со сета своја душа да умре и рече: „Подобро ми е да умрам, отколку да живеам.”

9. И Бог го праша на Јона: „Лутиш ли се со право заради тиквата?” Тој одговори: „Со право сум лут, дури до смрт.”

10. Господ му рече: „Тебе ти е жал за тиквата околу која не се трудеше, ниту направи да израсте, туку во една ноќ никна и во една ноќ се исуши.

11. А Мене да не Ми е жал за Нинивија, голем град, во кого има повеќе од сто и дваесет илјади луѓе, кои не знаат да ја разликуваат десната рака од левата, а покрај тоа и многу животни?”