поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4

Стар Завет

Нов Завет

Јона 3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господовото слово му дојде вторпат на Јона и му рече:

2. „Стани, оди во Нинивија, голем град, и прогласи ја проповедта во него што ќе ти ја речам.”

3. Јона стана и отиде во Нинивија, според Господовото слово. Нинивија беше многу голем град - три дни одење.

4. Јона кога почна да влегува во градот ден одење, проповедувајќи, велеше: „Уште четириесет денови, и Нинивија ќе биде уништена.”

5. И нинивијците поверуваа во Бога; огласија пост и се облекоа во вреќишта, сите од најголемиот до најмалиот.

6. Словото стигна до царот на Нинивија, тој стана од престолот, ја соблече плаштеницата од себе, се облече во вреќиште и седна во пепел.

7. Тогаш по одредбата на царот и на неговите големци се огласи и се објави во Нинивија: „Луѓето и добитокот, говедата и овците да не вкусат ништо, ниту да пасат, ниту да пијат вода.

8. Туку и луѓето и добитокот да се покријат со вреќишта, да повикуваат силно кон Бога и секој да се одврати од својот лош пат и од насилствата што се во нивните раце.

9. Кој знае, можеби Бог ќе се смилува и ќе се одврати од Својот лут гнев за да не загинеме?”

10. Бог ги виде нивните дела: дека се обратија од својот лош пат. И Господ се сожали заради несреќата со која им се беше заканил да ја направи, и не ја направи.