Стар Завет

Нов Завет

Јона 1:6-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Заповедникот на бродот му пристапи и рече: „Што е со тебе, спанко? Стани и повикувај Го својот Бог! Можеби Тој Бог ќе си спомне за нас за да не загинеме.”

7. Потоа си рекоа едни на други: „Ајде да фрлиме жрепки, за да видиме заради кого ни дојде ова зло.” Фрлија жрепка, и жрепката падна на Јона.

8. Тогаш тие му рекоа: „Кажи ни: заради кого ни дојде ова зло, со каква работа се занимаваш? Откаде доаѓаш, од која земја си и од кој народ?”

9. Тој им одговори: „Јас сум Евреин и се бојам од Господа, небесниот Бог, Кој ги направи морето и копното.”

10. Мажите се исплашија многу и му рекоа: „Што е тоа што го направи!” Зашто беа узнале дека тој бега од Господовото присуство, и самиот им го раскажа тоа.

11. Тие го прашаа: „Што да направиме со тебе за да ни се смири морето?” Зашто морето стануваше сè побурно.

12. Тој им одговори: „Земете ме и фрлете ме во морето, па ќе ви се смири морето, зашто знам дека заради мене се крена на вас ова голема бура.”

13. Но мажите веслаа за да се вратат на копното но не беа способни, зашто морето се креваше сè побесно против нив.

14. Тогаш го повикаа Господа и рекоа: „Господи, Ти се молиме, Ти се молиме, не оставај да загинеме заради животот на овој човек и не навалувај врз нас невина крв, зашто Ти о Господи, си направил како што ти е мило.”

15. И го зедоа Јона, и го фрлија во морето, и морето престана да беснее.

16. Тогаш мажите се уплашија од Господа со голем страв, та Му принесоа жртва на Господа и направија заклетви.

17. Господ беше определил голема риба да го проголта Јона. Јона беше во рибината утроба три дни и три ноќи.

Прочитајте целосна глава Јона 1