Стар Завет

Нов Завет

Јона 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господовото слово му дојде на Јона, синот Аматиев и му рече:

2. „Стани, оди во Нинивија, град голем, и викај против него, зашто нивното зло се воздигна пред Моето лице.”

3. А Јона стана за да побегне во Тарсис, од Господовото присуство. Слезе во Јафа и најде брод што пловеше во Тарсис. Го плати возењето и слегна во него за да отплови со нив во Тарсис, далеку од Господовото присуство.

4. Но Господ фрли голем ветар на морето, и стана голема бура во морето, та мислеа дека бродот ќе се разбие.

Прочитајте целосна глава Јона 1