Стар Завет

Нов Завет

Јоил 3:18-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Кога ќе дојде тој ден, горите ќе капат слатко вино, од бреговите ќе тече млеко, водата ќе затече низ сите речни корита во Јудеја. Извор ќе бликне од Господовата куќа за да ја напои Ситимската Долина.

19. „Египет ќе запустее, Едом ќе стане безживотна пустина заради насилствата извршени врз Јудините синови, зашто пролеаја невина крв, во нивната земја.

20. Јудеја ќе биде населена довека и Ерусалим во сите колена.

21. Ќе ја одмаздам нивната крв за која уште не се одмаздив. И Господ ќе пребива на Сион.”

Прочитајте целосна глава Јоил 3