Стар Завет

Нов Завет

Јоил 3:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Зашто ете, во оние денови и во она време, кога ќе им го вратам пленството на Јудеја и на Ерусалим,

2. ќе ги соберам сите народи и ќе ги поведам во долината Јосафат. Таму ќе им судам заради Израел, Мојот народ и Моето наследство, кое го растераа меѓу народите и ја разделија меѓу себе Мојата земја.

3. Фрлија жрепка за Мојот народ, даваа дечиња за блудници продаваа девојки за вино и пиеја.”

4. „И вие, Тире и Сидоне, што сакате од Мене? И вие филистејски цареви? Сакате ли да ми се одмаздите? Ако Ми се одмаздувате Мене одмаздата ќе падне бргу на вашите глави.

5. На вас што ми го одзедовте среброто и златото, што ги однесовте Моите богати ризници во вашите храмови,

6. на вас кои им ги продававте на Грците, синовите на Јуда и на Ерусалим за да ги истерате од нивната родина.

7. Ете, Јас ќе ги подигнам од местото, каде и да ги продадовте, и ќе направам вашето злосторство да падне на главите ваши.

8. Ќе им ги продадам вашите синови и ќерки на Јудините синови, а тие ќе им ги продадат на Савејците, далечен народ. Зашто Господ рече!”

9. Разгласете го ова меѓу народите: „Пригответе се за војна! Подигајте јунаци! Напред, нападнете, сите војници!

10. Прековете ги ралата во мечеви, срповите во копја, слабиот нека рече: ‘Јунак сум!’”

11. Побрзајте и дојдете, сите околни народи, и соберете се онаму! (Господи, испрати ги онаму Твоите јунаци).

12. „Станете народи, дојдете во Долината Јосафат, зашто таму ќе седнам да им судам на сите околни народи.

13. Фаќајте се за српот: жетвата е зрела. Станете, слезете, бочвата е полна, каците се прелеваат, зашто е голема нивната нечесност.”

Прочитајте целосна глава Јоил 3