Стар Завет

Нов Завет

Изреки 8:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Сфатете ја мудроста, вие неискусни, а вие неразумни, вразумете го срцето.

6. Слушајте, зашто ќе зборувам за важни нешта, и моите усни ќе откријат што е право,

7. зашто мојот јазик ја зборува вистината, а нечесноста е гнасна за моите усни.

8. Сите зборови на мојата уста се праведни, во нив нема ништо ни криво ни лукаво.

9. Сите тие се јасни за разумниот и праведни се за оној, кој придобил знаење.

10. Примајте ја мојата поука а не сребро, и знаењето е подобро од златото.

11. Зашто мудроста е поскапоцена од бисери, и никакви скапоцености не можат да се споредат со неа.

12. Јас, мудроста живеам со разумот и имам расудувачко знаење.

13. Стравот од Господа е омраза кон злото. Јас ги мразам: гордоста, самодостатноста, патот на лошото и уста полна со лаги.

14. Мои се советот и здравото мислење, јас сум разум, и моја е силата.

15. Преку мене царевите царуваат и началниците делат правда.

16. Преку мене кнезовите кнезуваат и големците и сите земни судии.

17. Јас ги љубам оние кои ме љубат мене, и ме наоѓаат кои ме барат.

18. Богатството и славата се во мене, постојаното добро и справедливоста.

Прочитајте целосна глава Изреки 8